Шефот на
стручниот штаб на Астон Вила, Стивен Џерард признава дека е мошне тешко и
непредвидливо за справување на хаосот со ковид-19 кој владее во клубот.
Мечот кој беше
предвиден клубот од Бирмингем да го одигра на свој терен против Барнли во
саботата беше одложен поради напливот на позитивни случаи на вирусот, но Џерард
се надева дека ќе претстои подобрување на ситуацијата.
„Навистина не
знам што да кажам на оваа тема, ситуацијата се менува секој час, се менува на
дневна база, сево ова е толку непредвидливо…“ рече Џерард.
„Секојдневно
тестираме, навистина не би можел да знам во каква позиција ќе се најдеме за
претстојниот натпревар“ додаде тој.
„Во моментов
имаме доволен број фудбалери, со тоа очекувам мечот со Челси да се одигра
според планот, се надевам дека тој натпревар ќе се одигра, тоа е меч кој ние
едвај чекаме да го започнеме, но во услови на сликата која ја имаме со
ковид-19, навистина е доста непредвидливо за да се соочите со сево ова“
подвлече Џерард.