Џенова со голем пресврт ја победи Перуџа во Купот на Италија, 45 минути за Пандев

by
0 минути читање

Џенова имаше катастрофален старт на мечот, по само 10 минути игра Перуџа имаше водство од 2-0, со голови на Карета и Лиси.

Во 26. минута Кришито од пенал постигна гол, а 15 минути подоцна Перуџа остана со фудбалер помалку поради црвен картон на Курадо.

Веднаш Хернани постигна гол за израмнување на 2-2.

Со почетокот од второто полувреме влезе и Горан Пандев.

Џенова напаѓаше со сите сили, а победничкиот гол дојде во 88. минута кога Калон прекрасно пласираше за конечни 3-2.

Во следното коло од купот Џенова ќе игра со подобриот од мечот меѓу Салернитана и Реџина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×