512
Џенова пред овој натпревар немаше победено на 13 меча по ред, од нив 12 беа во Серија А. Но интересно, во последно време тие немаа ниту порази. Последните седум меча им завршија нерешено.
Денеска конечно се израдуваа на победа. Портанова во 14. минута го постигна голот за триумф над Торино од 1-0.
Тие во 24. минута останаа со фудбалер помалку откако Остигард заработи втор жолт картон, но иако играа повеќе од еден час со десет играчи, ја задржаа предноста.