542
Горан Пандев стави крај на кариерата во националниот тим но се уште се мисли дали да продолжи да игра клупски фудбал или дефинитивно да ги закачи копачките.
Договорот со Џенова му е истечен, но италијанскиот клуб му нуди нов едногодишен договор.
Од Италија информираат дека во Џенова сите му вршат притисок на Пандев да продолжи да игра, од раководството на клубот, преку тренерот Балардини, до соиграчите, сите притискаат Македонецот да одигра уште една сезона.