Џенова има големи планови со Шевченко, носи засилувања од Челси и Манчестер Сити?!

by
1 минути читање

Џенова е во
серија од речиси два месеци без победа, па новите сопственици решија дека е
време за промени, Давиде Балардини доби отказ а за нов тренер беше именуван
Андриј Шевченко.

Тие не планираат
да застанат тука, во зимскиот преоден рок треба да пристигнат неколку нови имиња.

Весникот „Ил
Секоло“ пренесува дека на листата со желби се две звучни имиња од Премиерлигата
односно Кристијан Пулишќ од Челси и Александр Зинченко од Манчестер Сити.

Останува да се
види дали новите сопственици на Џенова ќе можат да реализираат вакви зделки, и
да ги убедат фудбалерите да ги заменат гигантите кои се борат за трофеи со клуб
кој во моментов главна цел му е опстанок во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани