134
Џенова со гол во судиското продолжение победи на гостувањето кај Сасуоло со 2-1 и ја забележа првата победа во италијанската лига оваа сезона.
Поради лошите резултати раководството му даде отказ на Патрик Виеира, а на првиот натпревар без него веднаш стигна првата победа.
Малиновски во 18. минута донесе водство за Џенова, а по само две минути игра во второто полувреме Берарди израмни на 1-1.
Се очекуваше дека со тој резултат ќе заврши мечот, но во 93. минута Остигард погоди за победа на Џенова.
🚨🇮🇹 | GOAL: LEO OSTIGARD MAKES THE WINNING GOAL FOR GENOA IN THE 93RD MINUTE! WOW!
— TheGoalsZone ✨ (@TheGoalsZone) November 3, 2025
Sassuolo 1-2 Genoa. pic.twitter.com/nSrwlOUsQD