Џеко по победата над Фиорентина: Инѕаги изгледа бил пијан

by
1 минути читање

Интер синоќа си
замина со три бода од Фиренца и покрај тоа што Фиорентина доминираше во првото
полувреме и на пауза замина со предност од 1-0. Во продолжението од мечот,
Интер во период од три минути постигна два гола за пресврт, најпрво Дармијан
изендаччи на 1-1, за Џеко да донесе 1-2. Во последните минути, Перишиќ ги реши
сите дилеми и ги постави конечните 1-3.

„Секој гол ми е
важен, доколку погодам на вакви натпревари, кога му помагам на тимот, уште
подобро“
– вели Един Џеко.

Новинарот потоа
му кажа дека Симоне Инѕаги подготвувал замена непосредно пред голот, Алексис
Сначез требал да влезе на негово место.

„Ќе го прашам
Инѕаги да не пиел нешто…“
– одговори Босанецот со насмевка на лицето.

„Ова беше победа
на голем тим, и Интер е токму тоа. Се мачевме во првото полувреме, за тоа беше
заслужна Фиорентина со одличната игра. Можеа да постигнат уште некој погодок,
но за среќа имавме само еден гол негатива. Во второто полувреме тие го спуштија
темпото, ние заигравме далеку подобро и постигнавме два гола со кој го свртевме
резултатот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани