356
Џеко со гол дебитираше против Џенова, Интер победи со 4-0, а еден погодок беше дело на Босанецот кој пред кратко време прстигна од Рома.
„Тоа беше емоционален ден за мене, особено што беше прв меч со фанови по долго време“, вели Џеко.
„Мајка ми беше на стадионот исто таа. Тоа беше важен ден. Победивме и дадов гол. Одамна немав дадено гол во Серија А, па важно ми беше да го прекинам тој пост и да соберам самодоверба за во идндина“.
„Чувствувам како тука да сум играл со години. Многу добро се вклопив со соиграчите и работиме заедно паметно. Тоа е затоа што отука има многу шампиони кои знаат да играат фудбал, затоа дојдов во Интер“.