Џејми Карагер го нападна агентот Киа Јорабчијан и трансфер политиката на Арсенал, направи споредба со Вулверхемптон

by
2 минути читање

Во понеделникот,
Џејми Карагер изјави дека Микел Артета не е единствениот виновник за
ситуацијата на Арсенал, порача дека некои од засилувањата на „топчиите“ се
смешни и ги посочи Давид Луиз, Вилијан и Седрик Соареш.

Тројцата се
клиенти на агентот Киа Јорабчијан, па легендата на Ливерпул праша дали добриот
однос на Иранецот со раководството на клубот е причина на зделките.

Киа Јорабчијан
потоа возврати, изјави дека Џејми Карагер треба да ги провери фактите пред да изнесе
напади, и раскажа како Микел Артета бил тој кој ги убедувал играчите да се
преселат или да останат на Емирати.

Џејми Карагер
одбива да ја смири топката па продолжи со критиките.

„Агентот на
Вилијан, Киа Јорабчијан ме нападна поради тоа што ја испитував логиката на
трансферите. Секако, има право да се брани, но сметам дека трансферите на
Вилијан, Седрик и Давид Луиз носат поголем бенефит за неговите клиенти отколку
за Арсенал“
– пишува Карагер во колумната за Телеграф.

„Немам ништо против
тоа клубовите да имаат добри односи со одреден агент или агенти. Тоа е дел од
модерниот фудбал. Но соработката мора да носи бенфит за двете страни“.

„Луѓето го
напаѓаат Вулверхемптон поради тоа што има блиска соработка со Жорж Мендеш, но
Мендеш на Нуно Еспирито Санто 
му обезбедува млади фудбалери, гладни фудбалери
кои се вклопуваат во начинот на кој тој сака да игра. Тие прикажуваат одлични
партии, нивната вредност се зголемува и потоа прават трансфери за високи суми.
Сите имаат ќар“.

„За мене, преселбата
на Вилијан во Арсенал е финален богат договор на добар играч на
кој му поминале најдобрите денови
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани