Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета ги предупреди сите невакцинирани
фудбалер на „Топчиите“ дека клубот ќе биде тој кој на крајот ќе мора да ја
плати сметката поради тоа што тие одбиваат да бидат вакцинирани.
Гранит Џака одбил
да се вакцинира пред минатата седмица да се зарази со ковид-19, за што објавија
и од швајцарската национална фудбалска федерација, а фудбалерот ќе остане во
својата земја и нема да биде во комбинација за настап против Норич викендов во
четвртото коло од Премиерлигата.
„Очигледно е дека
сево ова ќе доведе до одредени ограничувања доколку тие не се вакцинирани,
бидејќи не би сакале да се изложуваме на одредени работи“ вели Артета со тоа
што Шпанецот јасно алудира дека без вакцина, фудбалерите ќе бидат подложни на одредени
рестрикции.
„Како за пример
ќе го споменеме патувањето, доколку тие не се вакцинирани, а треба да патуваат,
во тој случај очигледно е дека ризикот се зголемува многу во тој случај, тоа не
го посакуваме со ниту еден фудбалер, бидејќи, на крајот, клубот е тој кој ја
плаќа цената за сето тоа“ додаде Артета.
Арсенал новата
сезона во Премиерлигата ја стартуваше со три порази, односно Брентфорд, Челси и
Манчестер Сити.