„Џабе му се парите, сите сме во иста ситуација “ – шоферот на Роналдо дремел на бензинска 7 часа (ФОТО)

by
1 минути читање

Велика Британија
се соочува со проблеми, на бензинските има долги редици поради недостаток на
гориво и панично купување. На мака се сите, исклучок нема ниту за фудбалските
ѕвезди, односно најголемата, Кристијано Роналдо.

Медиумите од „островото“
пренесуваат дека шоферот на ЦР7 синоќа дремел 7 часа на бензинска на Шел со
надеж дека ќе дојде цистерна и тој ќе може да наточи гориво. Но откако немало
абер за пристигнување на цистер, шоферот влегол во Бентлито вредно околу 200.000
фунти и си заминал.

Друштво му
правеле луѓето од обезбедувањето со Рејнџ Ровер, кои исто така останале со
празни раце.

„Џабе му се
парите на Роналдо, се наоѓа во иста ситуација како и сите нас. Луѓето од
обезбедувањето со часови чекаа, се надеваа но на крајот мораа да се помират.
Двајата беа прилично лути што мораа да дремат на дождот“
– вели извор за Сан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани