Двојник на Роналдо се појави на трибините, Португалецот му порача: Многу си грд! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Роналдо

Двојник на Кристијано Роналдо се појави на трибините на вечерашниот натпревар на Ал Наср против Ал Шабаб, Португалецот на шала му порача „Многу си грд“.

Кристијано Роналдо имаше интересна средба со негов двојник кој се појави на трибините на натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Шабаб.

Португалецот не беше многу импресиониран па на шала му порача, „Не личиш на мене, многу си грд!“.

Што се однесува до пресметката на теренот, Кристијано Роналдо успеа да ја затресе мрежата и да стигне до погодокот 926, но тоа не беше доволно за триумф на Ал Наср откако Ал Шабаб успеа да се избори за 2-2 и бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани