Двете екипи кои ги направија најголемите изненадувања ја отвораат четвртфиналната фаза на СКП

by riste
1 минути читање

Денеска започнуваат четвртфиналните битки на Светското клупско првенство, а први на мегдан ќе излезат Флуминенсе и Ал-Хилал.

Тоа се двата тима кои го шокираа фудбалскиот свет, Бразилците го елиминираа Интер, а Саудијците му пресудија на Манчестер Сити.

Сите очекуваа четвртфинале меѓу Манчестер Сити и Интер, а добија двобој меѓу Флуминенсе и Ал-Хилал.

Двете екипи сосема заслужено го направија својот успех, а една од нив ќе стигне и до полуфиналето на големиот турнир. Нивниот натпревар почнува од 21 часот.

Во 3 часот по полноќ ќе играат Палмеирас и Челси. Сините се првиот европски тим во првиот од двата четвртфинални денови.

За разлика од денес, утрешните две четвртфинални пресметки се европски.

Утре од 18 часот играат ПСЖ – Баерн Минхен, а четири часа подоцна ќе почне дуелот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Четвртфинале СКП:

Денеска
Флуминенсе – Ал-Хилал
Палмеирас – Челси

Утре
ПСЖ – Баерн Минхен
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×