Динамо Загреб и Адеми освоија важни три бода од гостувањето кај Волфсбергер со кои дојдоа многу блиску до пласман во следната фаза.
Головите беа постигнати во последните 30 минути. Резултатот го отвори Мајер, следуваа голови на Петковиќ и Иванушеч за кои асистираше нашиот Аријан Адеми.
Црвена звезда со головите на Петровиќ и Милуновиќ победи со 2-0 на гостувањето кај Гент.
Арсенал со 3-0 победи кај Молде и на две кола до крајот обезбеди пласман во следната фауза од Лига Европа. Пепе, Нелсон и Балогун ги постигнаа головите.
Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Лил. Росонерите поведоа со гол на Кастељехо на почетокот од првото полувреме, Бамба во 65. изедначи.
Во останатите мечеви кои почнаа од 18:55 постигнати се следниве резултати: АЕК – Зорја 0:3, Брага – Лестер 3:3, ЦСКА Москва – Феенорд 0:0, ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1, ЛАСК – Антверпен 0:2, Либерец – Хофенхајм 0:2, Макаби Тел Авив – Виљареал 1:1, Карабаг – Сиваспор 2:3, Спарта Прага – Селтик 4:1.