Речиси на сите фудбалски познавачи им се згади од формирањето на Суперлигата, фудбалот досега немал затворен систем на натпреварување, нешто што решија да го создадат богатите клубови.
Дејвид Бернстејн кој е поранешен претседател на Манчестер Сити, го крена гласот и даде свое видување на ситуацијата.
„Мислам дека две работи се во игра, едната е алчност а другата е очајност“, вели тој за „Би-Би-Си“.
„Тоа е бидејќи некои од овие клубови имаат енормни долгови. Тука мислам на Барселона и Реал Мадрид, и мислам дека има и барем еден англиски клуб кој е таков, зборуваме за долгови од милијарда фунти“.
„Мислам дека тие се во очајна ситуација. За време на пандемијата не успеаа да стават контрола на платите“.
„Мене ми срам, засрамен сум. Цел живот сум фан на Манчестер Сити. Тоа е клубот кој го сакам. Но навистина сум засрамен. Знам дека и Гери Невил го рече тоа за неговиот Манчестер јунајтед и Џејми Карагер така мисли за Ливерпул. Засрамен сум бидејќи клубови со таква историја треба да имаат голема одговорност за целата игра“.
„Мислам дека ова ќе заврши многу лошо. Бидејќи затворена лига каква што прават, без промоција и испаѓање, со оградување на остатокот од екипите, е потенцијално мртва лига“.
„Таа го нема животот на фудбалот каков што го познаваме. Мислам дека ароганцијата кај овие неколку англиски клубови е нешто што треба да се истакне“.