4,7K
Ливерпул е на добар пат да задржи две од трите големи ѕвезди за кои беше најавено дека ќе го напуштат клубот на лето.
Ќе останат Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, а ќе замине Трент Александер Арнолд.
Салах е многу блиску до потпишување на нов договор, тоа се очекува да се случи во наредните денови.
А преговорите се во напредна фаза и со Вирџил ван Дајк и таму се очекува позитивен исход. Самиот фудбалер го потврди тоа.
Единствен кој ќе замине е Трент Александер-Арнолд кој како слободен играч ќе потпише за Реал Мадрид.