Две лица на Турам: На теренот го тешеше младиот Јамал, а на социјалните мрежи го исмеваше (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам покажа две лица по крајот на натпреварот против Барселона, на теренот го тешеше младиот Ламин Јамал, но потоа на социјалните мрежи го исмеваше напаѓачот на „каталонците“.

Интер синоќа се врати од мртвите со гол во 93. минута и потоа во продолженија ја доби Барселона со 4-3 за пласман во финалето на Лигата на шампиони.

Ламин Јамал беше еден од играчите на Барселона кој најтешко ја поднесе елиминацијата, младото момче пушти и по некоја солза.

Маркус Турам беше еден од првите играчи на Интер кои пријдоа да го тешат момчето и да му кажат дека треба да биде гордо на партиите кои ги прикажа.

Сепак, напаѓачот потоа покажа друго лице на социјалните мрежи и го исмеваше Ламин Јамал.

Французинот објави фотографија од двајцата и праша: „Имаше мисија, а?“.

Ова беше зајадлив коментар откако Ламин Јамал пред натпреварот порача дека „Имал мисија“ да ја однесе Барселона во финале.

Напаѓачот на Интер сепак за кратко го избриша својот пост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани