85
Голманите се хит овој период, откако Вејн Шо се прослави со изедениот сендвич на клупата, се случи нова глупост која овој пат доаѓа од виетнамското фудбалско првенство.
Во натпревар од првенството на Виетнам, судијата престрого покажа на белата точка на еден меч. Голманот во знак на протест го сврте грбот во моментот кога противникот изведуваше пенал и прими гол без да се обиде да одбрани.
Во продолжението од мечот, голманот и неговите соиграчи решија само да стојат на теренот во знак на протест и примија уште два гола.
Ваквиот начин на бојкот поради судиска одлука не и се допадна на Виетнамската фудбалска федерација, па на голманот му врачи суспензија од две години!