Две ѕвезди на Англија во изолација поради Гилмор, а ниту еден од Шкотска

by
1 минути читање

Репрезентативците
на Англија, Мејсон Маунт и Бен Чилвел ќе мораат во самоизолација откако нивниот
соиграч од Челси, односно репрезентативец на Шкотска се зарази со ковид-19.

Триото од
европскиот клупски првак по мечот помеѓу Англија и Шкотска кој заврши без
голови се поздрави меѓусебно, а секако имаше и прегратки помеѓу блиските
пријатели, за што беше утврдено дека ќе мора во самоизолација.


Интересно е тоа
што од куќата на фудбалот на Шкотска во случајот со Гилмор утврдија дека тој
немал никакви други контакти вон теренот, меѓутоа за тоа „демантираше“ капитенот
на Островјаните, Енди Робертсон кој мораше да брише видео на социјалните мрежи.

Инаку, Маунт и Чилвел беа негативни на последното тестирање за ковид-19 по случајот со Гилмор, меѓутоа залудно, правилата налагаат тие да одат во самоизолација, а интересен е фактот што ниту еден од шкотскиот национален тим нема да биде подложен на самоизолација.

Гилмор излезе позитивен на ковид-19, а Робертсон мораше нешто да избрише на Инстаграм (ВИДЕО)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×