756
Барселона сама
одлучува за пласман во осмина-финалето од Лигата на шампиони откако синоќа со
минимални 0-1 стигна до триумф на гостувањето кај Динамо Киев. Херој на гостите
беше Ансу Фати, кој успеа на време да ја санира повредата и погоди за три важни бода.
„Дете со својот
гол и донесе на Барса 3,5 милиони евра, оваа сума ја добивате за победа на
натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони. Во меѓувреме, двајцата
најплатени туристи од Барселона, Кутињо и Умтити, дремеа на клупата. Пред два
месеци ни беше кажано дека платите ќе им бидат намалени но уште чекаме“ – вели новинарот
Сике Родригез.