1,3K
Македонските фудбалери имаа успешен викенд во Хрватската прва лига. Илија Несторовски беше стрелец за Славен Белупо во ремито со Истра (1-1), додека Димитар Митровски двапат погоди и му донесе победа на Вараждин против Локомотива.
Со добрите партии во Хрватска, Несторовски и Митровски се најдоа во официјалниот тим на колото на Суперспорт ХНЛ.
Освен тоа, двата гола на Македонците се во потесен избор од четири за најубави во рундата.
Одличната форма на Димитар Митровски не мина незабележано, па тој е еден од петте кандидати за играч на месецот во ХНЛ.