Двајца стартери отпаднаа од македонскиот тим и не патуваат во Казахстан

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонија ремизираше со Белгија во Скопје (1-1), а вниманието веќе е свртено кон следниот предизвик – гостување во Астана против Казахстан во продолжението од квалификациите за СП 2026.

За овој дуел, селекторот нема да може да смета на двајца фудбалери. Исник Алими и Бојан Димоски отпаднаа од комбинација поради повреди и нема да патуваат со репрезентацијата.

Експедицијата на Македонија за Казахстан заминува утре попладне со чартер-лет, тргнувањето е закажано за 15:00 часот. Натпреварот во Астана се игра во понеделник, со почеток од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани