Два клуба сакаат да го вратат Ериксен во Премиерлигата

by
1 минути читање

Ериксен не се снајде во тимот на Интер и наскоро ќе го напушти, а веројатно ќе си замине и од Серија А.

Според „Кориере дело Спорт“, три клуба се интересираат за неговите услуги, а два се од Премиерлигата.

Најголемиот ривал на Тотнем, Арсенал го посакува Ериксен, топчиите како замена го нудат Гранит Џака, но се верува дека швајцарскиот репрезентативец не сака да го напушти Северен Лондон.

Вториот англиски клуб кој се интересира за Ериксен е Манчестер јунајтед, и тука е можна позајмица, Интер го сака Фред.

Третиот клуб е ПСЖ, францускиот тим може да издвои кеш за Ериксен, но би можел и да го понуди Паредес во обратна насока.

Едно е сигурно, Ериксен наскоро ќе го напушти Интер, останува да се видиме само која ќе биде неговата следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×