Два гола во продолжение и пенал во 101. минута, Рома до драматична победа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Рома стигна до триум од 2-3 на гостувањето кај Парма, „волчицата“ со два гола во судиското продолжение, од кој едниот од пенал во 101. минута освои три важни бода во трката за топ четири пласман.

Битката за топ четири пласман во Серија А и местата кои водат во Лигата на шампиони очигледно ќе биде неизвесна до самиот крај.

Вечерва Рома стигна до триум од 2-3 на гостувањето кај Парма, избраниците на Гасперини се вратија од мртвите и со гол во 101. минута стигнаа до три важни бода.

„Волчицата“ поведе со 0-1 во 22. минута, Мален донесе предност. Но Стрефеца изедначи на 1-1 на стартот од вториот дел, а Кеита во 87. минута се погрижи за комплетен пресврт и 2-1 за домаќините.

И кога се чинеше дека се е загубено, Ренсх во 94. минута изедначи на 1-1, за драмата да кулминира со пенал за Рома длабоко во судиското надополнување. Мален ја презеде одговорноста и биеше прецизно за 2-3 во 101. минута.

Сега притисокот е врз Милан, кој мора да победи против Аталанта за да не се најде во сериозни проблеми.

ФОТО: X/AS Roma

Можно е и ова да ти се допаѓа

×