185
Удинезе славеше
убедлива победа од 9-2 над нисколигашот Сан Луиџи, иако поразениот табор прв
тргна со водство, фаворитот брзо возврати и уште во првото полувреме имаше
предност од 6-1.
29 годишниот
македонски репрезентативец и нов член на Удинезе, Илија Несторовски на два пати
ја затресе мрежата од голот на Сан Луиџи, тој во само четири минути, почнувајќи
од 30. минута погоди во мрежата од голот на противникот.
Од идниот викенд
стартуваат големите возбудувања во италијанската Серија А, Удинезе во воведното
коло на домашен терен го пречекува Милан.