Два гола на Кореа за три бода на Интер против Удинезе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во првиот денешен
натпревар во Серија А, Интер беше подобар од Удинезе на „Џузепе Меаца“ и
славеше со 2-0.

Гостите добро одолеваа
на нападите во првото полувреме, Барела се најде во неколку шанси но голманот
Силвестри беше на висината на задачата и не дозволи да биде совладан.

Резултатот беше
отворен по еден час игра, Перишиќ остави топка за Кореа, кој тргна кон
противнилкиот огл, се ослободи од чуварот и ја затресе мрежата за 1-0.

Истиот играч ги
реши сите дилиме во 68. минута, Дамфрис продре по десната страна и проигра на
16 метри за Кореа да бие неодбранливо под пречката за 2-0. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани