Два гола на Ибрахимовиќ за историја, Милан по 10 години слави победа на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Златан
Ибрахимовиќ продолжува да урива рекорди, Швеѓанецот стана само четвртиот играч
кој постигнал гол на своите први шест натпревари во сезоната во Серија А и
влезе во друштво на Батустута (1994/95), Виери (2003/03) и Пјонтек (2018/19).

Со двата
погодока, „Ибракадабра“ исто така стана најстариот играч кој постигнал десет
или повеќе погодоци по осум кола, претходно рекордот го држеше Силвио Пиола од сезоната
1942/43.

Напаѓачот го
отвори резултатот во 20. минута, кога со глава го матираше Мерет за 0-1. По
десетина минути игра во второто полувреме, Златан Ибрахимовиќ одново со глава
ја затресе мрежата на Наполи за 0-2.

Домаќините се
вратија во 63. минута, Мертенс намали на 1-2 но кратко потоа Бакајоко доби втор
жолт и го остави Наполи на цедило.

Избраниците на Гатузо
и со играч помалку се обидуваа да стигнат до бод, имаа шансa преку Петања, но окако
не ја искористија, длабоко во судиското надополнување, Хауге погоди за 1-3 и
прва победа на Милан на „Сан Паоло“ по 10 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×