212
Манчестер јунајтед освои нови три бода во Премиерлигата откако ја оправда улогата на фаворит и го совлада Барнли.
Отпорот на гостите беше скршен во 48. минута кога по една одлична акциија Гринвуд погоди за водство од 1-0 за Манчестер јунајтед.
Но таа радост не траеше долго, само две минути подоцна Тарковски изедначи на 1-1.
Притисокот на Манчестер јунајтед за ново водство вроди со плод во 84. минута кога Гринвуд со својот втор погодок ја врати предноста.
А во 93. минута по една идеална контра, Кавани само ја потврди победата поставувајќи ги конечните 3-1.