Два гола на Бензема, за три бода на Реал Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И покрај сите проблеми што ги има со отсутни фудбалери, Реал Мадрид дојде до триумф од гостувањето кај Атлетик Билбао.

Карим Бензема беше херојот на кралскиот клуб, ги постигна и двата гола за Реал Мадрид.

Бензема постигна супер гол во 4. минута од мечот, а три минути подоцна даде уште еден погодок за водство од 2-0.

Во 10. минута Сансет постигна прекрасен гол и го намали резултатот на 2-1.

Иако по овие рани погодоци се очекуваше дека уште ќе се тресат мрежите, тоа не се случи.

Сега Реал Мадрид има дури осум бода повеќе од Севиља која има и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×