Два европски класици во борба за полуфиналето на СКП

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското клупско првенство влегува во завршна фаза и не можеше да се посака подобар распоред, а денес ќе бидат познати последните два патници во полуфиналето, односно вториот полуфинален пар и тоа ќе биде дерби.

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе го одиграат уште едно поглавје во своето модерно ривалство. Германскиот шампион ја има подобра традиција од последните меѓусебни дуели, но ПСЖ силно мотивиран сака да го освои и последниот трофеј во најуспешната сезона во историјата.

Во последниот четвртфинален дуел, Дортмунд и Реал Мадрид ќе се судрат во пресметка која ветува офанзивен фудбал. „Кралевите“ важат за фаворити, но Борусија веќе покажа дека знае да се справи со притисок и големи противници.

Натпреварите се играат на американско тло и очекуваме вистински спектакл и неизвесност до последниот свиреж.

Првиот полуфинален пар на клупскиот Мундијал е Флуминенсе против Челзи, а денешните борби ќе го дадат и вториот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×