76
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус и Манчестер Сити се два клуба кои први направиле конкретен чекор.
Двата клуба го контактирале агентот на Влаховиќ и започнале првични разговори за негов ангажман.
Се шпекулира дека Влаховиќ дури би можел да биде продаден и во јануари поради тензијата која се појавува меѓу него и навивачите на Фиорентина.
Фановите му се лути затоа што не сака да остане, го исвиркуваат за време на натпреварите иако постигнува голови и им носи бодови.
Договорот на Влаховиќ со Фиорентина истеува во јуни 2023 година. Виолетовите бараат најмалку 60 милиони евра за него, цената може да оди и погоре во зависност од интресот на клубовите.