Дури и Џејмс е на листата на желби кај Гвардиола?

by
1 минути читање

Манчестер Сити е
заинтересиран за бекот на Челси, Рис Џејмс, фудбалерот за кого посебно високи
оценки има токму шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола.

Џејмс е
последното големо фудбалско име на листата на желби на Пеп, по Хари Кејн од
Тотнем, но и Џек Грилиш од Астон Вила.

„Атлетик“ тврди
дека Челси нема намера да го продаде својот фудбалер, чиј трансфер практично би
значел сериозно засилување за ривалот за титулата во Премиерлигата.

Во текот на
изминатите две сезони, Џејмс запиша 84 настапи за Челси, а се верува дека
Гвардиола е посебно импресиониран од изданијата и перформансите на бекот против
неговиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×