203
Германија со
висока и убедлива победа од 7-1 против Летонија на вистински начин се загреа
пред големите возбудувања на Европското првенство, а одлична партија на
синоќешниот меч имаше Матс Хулемс.
Искусниот стопер
во самата завршница од првиот дел приреди една вистинска мајсторија од
асистенција во голот на Гнабри, а на овој негов потег би можел да му подзавиди
дури и еден од најдобрите фудбалери во однос на асистенциите, ѕвездата на
Манчестер Сити, Кевин Де Брујне.