ЈСП 4-12(1-4) Макпетрол
ЈСП: Тихо Фидановски 4” 40”, Љупчо Павловиќ 24”, Мартин Ливрински 33”
Макпетрол: Никола Секулоски 7” 25” 35” 38”, Мишо Ѓоргоевски 9” 14” 15” 29” 34”, Горан Новаковски 21” 31”, Баже Тодоровски 28”
Во полн ритам започна натпреварот помеѓу екипите на ЈСП и Макпетрол. И двете екипи настапија мошне мотивирано уште од самиот старт со брзи проигрувања кои и на двете екипи им овозможија бројни обиди кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на ЈСП преку Фидановски 4” кој по брз контра напад и донесе водство на својата екипа од 1-0. По овој продор на ЈСП, екипата на Макептрол ги консолидира своите редови и сва два последувателни погодоци во реализација на дуото Секулоски 7” – Ѓоргиевски 9” не само што израмни туку и го сврти текот на овој натпревар во своја полза со резултат 1-2. Ова ја натера екипата на ЈСП да притисне во предно поле што ја ослабе одбранбената линија, па ваквата поставеност ја искористи Макептрол за до 15-та минута преку Ѓоргиевски да го дуплира водството на 1-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи во ист ритам, имаше одлична реализација и од минута во минута го зголемуваше водството. Тренерот на ЈСП Давор Калиноски со чести измени се обидуваше да најде противигра за вечерва расположениот Макпетрол. Но Макпетрол не дозволи изненадување, остана константен во играта и на крајот славеше со 4-12.
Glass LUX со одлично второ полувреме до победа над А1
A1 1-6(1-1) Glass LUX
A1: Давид Беловски 7”
Glass LUX: Филип Станковиќ 14” 24”, Мартин Цветковски 21”, Далибор Костовски 22”, Матеј Јаневски 31”, Панче Чипов 34”

Натпреварот помеѓу екипите на А1 и Glass LUX го отвори екипата на А1 во раната фаза од натпреварот преку Беловски 7” кој со гол му донесе водство на А1 од 1-0. Екипата на Glass LUX со чести измени се обидуваше да фати ритам како би можела да ја анулира предноста што ја стекна А1. Тоа им појде од рака во 14” преку Станковиќ кога искористија грешка во одбраната на А1 и израмнија на 1-1, па на полувремето и двете екипи за минаа со израмнет резултат.
Во второто полувреме екипата на Glass LUX уште на самиот старт успеа да дојде до водство од 1-2, што го скрши отпорот на А1. Glass LUX имаше одлична поставеност во делот на нападот па од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 1-6.
Во крајно неизвесен натпревар Корпа дојде до победа над Гранит
Гранит 3-4(2-2) Корпа
Гранит: Николче Глигуровски 5”, Кире Теспотовски 8”, Дарко Петров 33”
Корпа: Филип Тодоровски 8” 22”, Владимир Христов 12”, Кристијан Велковски 26”

Со израмнети сили започна дуелот помеѓу екипите на Гранит и Корпа. И двете екипи настапија мошне мотивирано, како во делот на нападот така и во делот на одбраната. И двете екипи настапија во стандардните постави, играјќи со голман-играч што им овозможие да играат отворен фудбал уште на самиот старт. Прва до водство дојде екипата на Гранит преку Глигуровски 5”. Во понатамошниот дел се играше гол за гол, па на полувремето заминаа со израмнет резултат, 2-2.
Во второто полувреме екипата на Корпа со чести измени наметна висок ритам кој екипата на Гранит имаше потешкотии да го прати, па така Корпа стигна до предност од 2-4. Екипата на Гранит во средината на второто полувреме ги консолидира своите редови и успеа да намали на 3-4, но екипата на Корпа не дозволи изненадување, успеа да ја сочува предноста од еден гол и на крајот славеше победа над екипата на Гранит со конечен резултат 3-4.