107
Фудбалерите на Наполи на денешниот натпревар имаа дресови во чест на Марадона, со ликот на легендарниот Аргентинец.
Но, не успеаа да дојдат до трите бода против Верона која натпреварот го заврши со девет фудбалери.
Верона поведе уште во 13. минута со гол на Симеоне, но израмнувањето стигна брзо, по само пет минути Ди Лоренцо изедначи на 1-1.
Елмас во игра влезе во 62. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да направи комплетен пресврт и да дојде до победата.
Верона во самиот финиш поради двојни жолти картони остана со двајца фудбалери помалку, најпрво во 88. минута Беса беше исклучен, а во 93. минута и Калиниќ го снајде истата судбина.