Дресовите на Украина за ЕП ја налутија Русија (ФОТО)

by
1 минути читање

На предниот дел од новиот дрес на Украина е исцртана мапата на државата вклучувајќи го и Крим. Тоа предизвка лавина од реакции во Русија.

Од позади на дресот стои и натпис „Слава на Украина“. Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко вели дедка овој натпис ги мотивира фудбалерите да дадат се од себе.

Слоганот „Слава на Украина“ се користеше во демонстрациите против прорускиот претседател Јанукович во 2014 година.

Но, во Русија овој дрес го сфатија како политичка провокација. Реагираше Министерството за надворешни работи кое преку портпаролот го изрази незадоволството и побара од организаторите да преземат мерки.

Но УЕФА вели дека дресот на Украина е одобрен како и сите други кои прво се разгледуваат, па нема да има промени.

Дресот на Украинската репрезентација за ЕВРО 2020 е одобрен од УЕФА, тој е соодветен на правилата за аплицирање“, велат од УЕФА за „Би-Би-Си“.

Украина е селекција која е во нашата група, Македонија со нив игра на 17. јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×