Дренте се присеќа на периодот кога играше во Русија: Дури и во автобусот имавме вотка

by
1 минути читање

Дренте во летото 2007 година потпиша за Реал Мадрид, тие за него му платија на Феенорд 14 милиони евра. Не само што не ја направи кариерата која се очекуваше од него, туку тој тотално пропадна, на неколку пати и се откажуваше од фудбалот, а сега игра во третата холандска лига.

Ројстон Дренте во февруари 2013 година потпиша за рускиот клуб Спартак Владикавказ каде помина шест месеци, поради повреди одигра шест натпревари во кои постигна три голови, тоа не беше лош процент.

Пред вчерашниот меч од Лига Европа меѓу Феенорд и ЦСКА Москва, Дренте за холандските медиуми зборуваше за неговиот краток престој во Русија.

„Многу ме посакуваа од тој клуб, дојдоа во мојата продавница за облека, јас тогаш веќе имав качено неколку кила и им реков дека не играм веќе, да си одат. Но тие беа упорни, дојдоа пет пати и конечно седнавме во Мериот хотелот до железничката станица и се договоривме, потпишав за нив“, вели Дренте.

„Во Владикавказ, не цветаат рози, тоа не е перфектно место за живеење без разлика колку пари имате. Не можете да извадите многу добри работи од градот“.

„Во тоа време често јадевме во ресторанот Марадона. Сопственикот на ресторанот беше и сопствениик на Рединг, па потоа завршив кај него во Рединг“.

„Да, имаше и водка во ресторанот. Во Русија не може без тоа. Дури и во тимскиот автобус имаше водка. Тоа е Русија и таму се е можно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×