Драма во Торонто со среќен крај за Португалија, Хрватска е елиминирана! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Португалија со гол во судиското продолжение ја победи Хрватска со 2-1 и се пласираше во осминафиналето од Светското првенство каде ќе игра против Шпанија.

Португалија и Хрватска го одиграа еден од највозбудливите мечеви во досегашниот дел на Светското првенство, дуелот изобилуваше со шанси, поништени голови, пречки, стативи и три погодоци.

Во првото полувреме Португалците беа подобар противник, создаваа шанси, но не успеаа да ги реализираат, Хрватите не направија речиси ништо, на одморот се замина без голови.

Второто полувреме донесе сосема поинаков фудбал. Хрватска одлично го почна второто полувреме, тоа резултираше со гол на Перишиќ во 53. минута за водство од 1-0.

Брзо потоа Хрватите дадоа уште еден гол, но им беше поништен поради офсајд. И на спротивната страна Португалците се израдуваа на нерегуларен гол, погоди Роналдо, но беше во офсајд.

Во 68. минута Португалија со ВАР доби пенал. Сигурен од белата точка беше Роналдо за израмнување на 1-1.

Течеше 81. минута кога беше поништен уште еден гол за Хрватска, Сучиќ погоди, но и овојпат беше офсајд.

Во меѓувреме пречка имаше Леао за Португалија, Ковачиќ ја погоди стативата од голот на противникот.

На возбудувањата им немаше крај. Во 94. минута новото засилување на Милан, Рамош по асистенција на Леао даде гол со глава за комплетен пресврт и водство на Португалија од 2-1.

Пред последниот судиски свиреж Хрватска се израдува на израмнување, но и овој погодок им беше поништен поради офсајд.

Португалија во осминафиналето ќе игра против соседот Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×