Возбудлив
натпревар со пет гола и драма во Торино, Франција направи голем пресврт и со
2-3 триумфираше против Белгија во второто полуфинале во Лигата на нации.
„Ѓаволите“ поведоа
во 37. минута, Караско биеше по земја на поблиската статива и со мала помош на
еден од дефанзивците го измами Лорис за 1-0. Во 40. минута следеше нова радост,
Лукаку одлично се ослободи од Лукас Ернандез и силно биеше над главата на Лорис
за 2-0.
Франција сепак не
се предаде, се врати во игра во 62. минута, Бензема одлично се снајде и го
матираше Куртоа за 1-2. Во 69. минута повторно се тресеше мрежата на Белгија,
Мбапе од пенал погоди за 2-2.
До крајот на
натпреварот, двете репрезентации ја бркаа победата, Лукаку во 87. минута
реализираше за 3-2 но ВАР го спречи славјето и досуди офсајд.
И кога се чинеше
дека ќе има продолженија, Тео Ернандез во 90. минута испрати проектил од работ
на шеснаесетникот за 2-3 и огромна радост на „триколорите“.