Драма во Рим, во меч со седум гола Јувентус ја победи Рома на Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот почна одлично за Рома, Абрахам во 11. минута постигна гол со глава за водство од 1-0.

Но, предноста траеше седум минути, Дибала даде прекрасен гол од далечина и изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Рома имаше уште подобар влез во второто полувреме. Во 48. минута Мхитарјан го врати водството на домаќините, а пет минути подоцна Пелегрини со фантастичен погодок од слободен удар донесе предност од 3-1.

Се чинеше дека Рома го контролира мечот кога следуваше седум минутен блесок на Јувентус. Во 70. минута Локатели даде гол за 3-2, две минути подоцна Кулушевски израмни на 3-3, а во 77. минута Де Шиљо ги постави конечните 3-4.

Можеше да биде поинаку во 83. минута кога Де Лихт играше со рака, беше досуден пенал за Рома а тој доби втор жолт картон. Пелегрини не реализираше од белата точка, Шчесни го одбрани неговиот удар. 

На крајот Јувентус заслужено се радуваше на големите три бода. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×