202
Дуелот меѓу Фиорентина и Џенова беше директен меч меѓу две екипи кои се во лоша форма и се наоѓаат во најдолниот дел од табелата.
Резултатот беше 0-0 се до 89. минута кога по асистенција од Дестро, Пјаца постигна гол за водство на Џенова од 1-0.
Се чинеше дека бодовите ќе ги освојат гостите, но во 98. минута по една мешаница во шеснаесетникот, Миленковиќ постигна гол за конечни 1-1.
Ова беше прв даден гол за Фиорентина по пет натпревари без постигнат погодок.