Драма на улиците во Италија: Фудбалер од Серија А пијан бегал од полиција!

by Стефан
1 минути читање

Meдиумите во Италија пишуваат за инцидент во кој бил вмешан фудбалерот на калчолигашот Лече, Енди Пелмар.

Како што се пренесува, Пелмар кој има 24 години управувал со возилото под дејство на алкохол, а кога го запрела полицијата да го идетификува тој побегнал.

Но, за брзо бил повторно фатен по што му била одземена возачката дозвола. За инцидентот се огласија и од редовите на Лече од каде што го осудија однесувањето на својот фудбалер.

„Го осудуваме однесувањето на својот фудбалер Енди Пелмар бидејќи не е во согласност со стандардите поставени од клубот. Во согласност истрагата, Пелмар е суспендиран и не може да настапува со првиот тим. Како клуб го задржуваме правото за воведување дополнителни мерки“, објави Лече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани