Драма на последниот натпревар на Раниери, Фиорентина од пенал во 103. минута ја однесе победата (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Раниери

Клаудио Раниери доживеа пораз на последниот натпревар во сојата кариера, Фиорентина со гол од пенал во 103. минута стигна до драматична победа од 2-3.

Клаудио Раниери реши да стави крај на богатата кариера, па денешниот натпревар помеѓу Каљари и Фиорентина беше негов последен крај аут линијата.

Судбината замеша прсти, па искусниот стратег оди во пензија со пораз, „виолетовите“ со гол од пенал во 103. минута стигнаа до победа од 2-3.

Откако домаќините пропуштија неколку добри шанси да го отворат резултатот, казната стигна во 39. минута, Бонавентура убаво пласираше за 0-1.

Дејола одлично се уфрли и со глава изедначи на 1-1 во 64. минута, за потоа нововлезениот Мутандва прецизно да пласира од работ на шеснесетникот за 2-1 и голема радост на публиката.

Сепак, Гонзалез добро се снајде по еден прекин и изедначи на 2-2 во 89. минута.

И кога се чекаше крај, Ди Пардо, кој влезе во 93. минута, реагираше несмасно и направил пенал во 100. минута. Артур Мело остана смирен и реализираше од белата точка за 2-3 во 103. минута од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани