Драма на Малдивите: Италијанската легенда заврши во болница!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот италијански голгетер Кристијан Виери ги шокираше фановите откако „Gazzetta dello Sport“ објави дека велигденските празници ги поминал во болнички кревет.

Поранешната ѕвезда на Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио и миланските гиганти замина на одмор на Малдиви со сопругата Костанца и ќерките Стела и Изабел, но рајското патување се претвори во кошмар.

51-годишниот Бобо почнал да кашла на оваа егзотична дестинација, а состојбата му се влошила. По неколку дена, силната кашлица го принудила да побара лекарска помош и да почне терапија со антибиотици.

Виери дури сподели и фотографија на социјалните мрежи на која носи маска за дишење, со порака: „Одморот заврши, два дена на плажа и одиме дома. Се гледаме во Милано!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани