Досега немало ваков случај: Мацари доби отказ, но договорот му се продолжува?

by
1 минути читање

Според италијанските медиуми, Каљари го отпуштиле Валтер Мацари, а клубот ќе го води тренерот на младинците, Алесандро Агостини.

Во договорот меѓу Мацари и Каљари има клаузула која вели дека ако тој добие отказ додека тимот е надвор од зоната за испаѓање, договорот автоматски му се продолжува до јуни 2024 година.

Каљари уште официјално го нема соопштено отказот на Мацари, но доколку е така како што пишуваат италијанските медиуми, тогаш тој уште две години ќе биде на платниот список на Каљари без разлика што нема да биде тренер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×