Антонио Рудигер се соочува со сè поголеми проблеми со повредата на менискусот, поради која веќе не може нормално да тренира. Болките во левото колено не му даваат мир, а ситуацијата полека прераснува во главоболка и за самиот Реал Мадрид.
Ограничен е на тренинзите, а темпото од натпревар на секои три дена само ја влошува состојбата. Германскиот дефанзивец веќе подолго време се носи со оваа повреда, но сега работите стануваат посериозни. Откако „кралевите“ беа елиминирани од Лигата на шампионите, се отворија сите слабости во тимот, а еден од нив е и прашањето со здравствената состојба на играчите.
Рудигер до сега избегнуваше операција, свесен дека тоа би значело подолг отсуство од терените. Но како што болките се интензивираат, а неговата подвижност опаѓа, тој е сè поблиску до тешката одлука – ножот можеби е единствениот излез.
Реал сега останува со ограничени опции во одбраната, во период кога им е најпотребна стабилност.