Досадно дерби на Сан Сиро, Милан и Јувентус одиграа реми без голови

by
0 минути читање

Милан и Јувентус ги поделија бодовите играјќи нерешено 0-0.

Фудбалерите на теренот покажаа голема борба и тактичко надмудрување, но возбудата изостана, идеални шанси дури и да немаше.

Златан Ибрахимовиќ поради повреда мораше да излезе од игра уште во 28. минута од натпреварот.

Од нерешениот резултат на дербито најзадоволни се конкурентите на Милан и Јуве за високите позиции.

По овој меч следува пауза во Серија А до 6. февруари, тогаш на програмата е големото дерби меѓу Интер и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×