177
Клаудио Лотито и
Лацио беа најголеми поборници за продолжување на сезоната, „бјанкочелестите“
се само на -1 во однос на Јувентус и веруваат дека имаат реални шанси за
освојување на титулата.
Медиумите од Италија
сега пренесуваат дека фудбалерите имаат дополнителен стимул, Клаудио Лотито им
ветил рекордна премија од 10 милиони евра доколку го претекнат Јувентус во
трката за Скудетото. Тоа би значело дека секој фудбалер би добил над 400.000 евра.
Првиот човек на
Лацио вечерва не го криеше задоволството од одлуката за ре-старт на сезоната на
20. јуни и порача: „Ова не е победа за Лотито, ова е победа за италијанскиот
фудбал. Серија А е едно од најважните првенства ширум светот“.