Донесена е одлука како ќе заврши Серија А ако коронавирусот повторно ја прекине сезоната

by
1 минути читање

Со 18 гласови за и 3 против, Фудбалската федерација на Италија донесе одлука сезоната во Серија А да се решава со плејоф и плејаут ако коронавирусот повторно го прекине првенството.

Доколку не успее да биде завршена ниту со плејоф и плејаут, сезоната ќе биде решена според актуелната состојба на табелата.

Ако се оди според планот Серија А ќе продолжи на 20 јуни, претходно се играат мечевите од Купот на Италија.

Истите правила при евентуален нов прекин на Серија А, ќе важат и за Серија Б.

Серија Ц нема да се доигра, сезоната во третата италијанска лига завршува тука, во Серија Б се селат Виченца, Реџина и Монца на Силвио Берлускони, а испаѓаат Гоцано, Римини и Риети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×