63
22 годишниот
Џанлуиџи Донарума одигра само четири меча откако направи трансфер во ПСЖ од
редовите на Милан, но како слободен играч на трансфер пазарот, а тој вели дека
е возбуден за враќањето на „Сан Сиро“ за пресметката на Италија против Шпанија.
„Возбуден сум, а
Милано е доста важен дел од мојот живот“ изјави Донарума.
„Среќен сум за
патот по кој чекори Милан, засекогаш ќе останам навивач на тој клуб, среќен сум
за Пиоли, постојано сум во комуникација со него“ додаде тој, алудирајќи на тоа
дека е во постојана комуникација со предводникот на „Росонерите“.
„Во ПСЖ сум за да
играм, сево ова што се случуваше на почетокот е сосема нормално, сигурен сум
дека се’ ќе биде добро во
иднина“ заклучи Донарума.